Македонски државјанин приведен во Србија: Со камион усмртил пешак и избегал од местото на несреќата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државјанин на Северна Македонија, Н.К. (33), е приведен под сомнение дека со камион усмртил 57-годишен пешак на автопатот кај Грделица во Србија, по што го напуштил местото на несреќата.

Според информациите од полицијата во Лесковац, сообраќајната несреќа се случила синоќа, а пешакот починал на самото место како последица на тешките повреди. По преземените мерки, полицијата го идентификувала осомничениот возач.

Тој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е задржан до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежен обвинител.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, како и за неукажување помош на повредено лице по сообраќајна несреќа.