Македонскиот спорт завиен во црно: Почина Милан Кубин, еден од најдобрите кик-боксери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери. Тој беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од кик бокс клубот Гладијатор од Скопје.

Милан Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.

Тој беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година.