Македонските фудбалери утре ги дознаваат противниците во Лигата на нации

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

 Составот на групите за новата, четврта по ред, сезона во фудбалската Лига на нации ќе биде одреден утре со жрепка во Париз на маргините на 48. редовен Конгрес на УЕФА.

Македонската фудбалска репрезентација во ланското издание на Лигата на нации остана во Ц-дивизијата, завршувајќи третопласирана во групата 4, зад Грузија и Бугарија, а пред Гибралтар.

реклама

За утрешната жрепка во Париз закажана со почеток во 18 часот, македонскиот национален тим е во третиот „шешир“ и за противници не може да ги добие селекциите на Словачка, Северна Ирска и Кипар.

Можни противници на избраниците на селекторот Благоја Милевски се репрезентациите на Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург од првиот „шешир“, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови, од вториот. и Белорусија, Естонија, Латвија и поразениот од баражот меѓу Литванија и Гибралтар, од четвртиот „шешир“.

реклама

Лигата на нации стартува во септември, а групната фаза ќе финишира во ноември. 

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама