Претседателот Александар Вучиќ ќе биде домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на 29 и 30 август ќе престојува во официјална посета на Србија, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Двајцата лидери ќе разговараат и за прашања поврзани со вештачката интелигенција (АИ), бидејќи Србија ќе го преземе претседавањето со Глобалното партнерство за вештачка интелигенција, а Франција е домаќин на Самитот за вештачка интелигенција што ќе се одржи во Париз во јули 2025 година.
Исто така, Макрон ќе ја искористи посетата за да ја потврди поддршката на Франција за европскиот пат на Србија.
Макрон доаѓа во Србија на покана на претседателот Александар Вучиќ, а како што беше соопштено за Танјуг , дијалогот и соработката меѓу Франција и Србија продолжи да се зајакнува, што уште еднаш се покажа со официјалната посета на претседателот Вучиќ на Франција во април 2024 година.
