Мал авион се урна на Алпите во Швајцарија, се стравува дека сите три лица се загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион на пат за Данска се урна на Алпите во југоисточна Швајцарија и изгоре, при што загинаа три лица за кои се верува дека се наоѓале во него, соопшти полицијата, пренесува АП.

Авионот Екстра ЕА-400 полетал од аеродромот Самедан во Швјацарија вчера во 17:30 часот, стои во соопштението на полицијата од кантонот Граубинден. Авионот пристигна од Данска на 13 марти и се враќаше во Роскилде, во близина на Копенхаген.

Авионот се урнал веднаш по полетувањето. Тие додаваат дека жртвите уште не се идентификувани. Нема информации за причината за несреќата.