Мали оштетувања на објекти од синоќешниот силен земјотрес во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во среда во 21:56 часот, силен земјотрес со јачина од 4,7 според Рихтер ја погоди Далмација во Хрватска, во близина на Сплит.

Граѓаните панично излегувале по улиците. Засега нема информации за поголеми штети, освен помали пукнатини на неколку објекти и куќи.

„Мислев дека куќата ќе се срушеше. Веднаш излегов надвор, сите бевме на улица. Многу се исплашив“, рече очевидец за „Вечерњи“.

После земјотресот имало и неколку мали афтершокови.