Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува за дете од Охрид кое по десетина дена лекување на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеле за него.
„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство“, пишува Филипче.

Тој упати и голема почит до сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеле за него.
