Малку сме, но нѐ има насекаде! Од Северна Кореја, до Африка и Антарктикот, во сите земји на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државјани на Северна Македонија се раселени низ целиот свет, барем така вели листата на Државниот завод за статистика од пописот на дијаспората. Податоците од електронското попишување покажуваат дека наши државјани живеат и работат на сите 7 континенти во светот.

Антарктикот „ледениот континент“ е најоддалечениот и најизолираниот на земјената топка. Оддалеченоста меѓу Северна Македонија и Антарктикот е 15.335км. Доколку патувате со авион со средна брзина од Антарктик до С.Македонија ќе ви бидат потребни 17 часа и 2 минути, а таму живеат тројца македонски државјани.

Наши државјани има и на африканскиот континент. Во секоја држава во Африка има по најмалку еден државјанин на Македонија. Па, доколку се пресмета тоа би значело дека над 200 наши граѓани живеат на африканскиот континент.
Но, зачудува и фактот што наши државјани има и во Северна Кореја. Од Северна Македонија до оваа земја нема директна линија, но и покрај тоа таму живеат 14 македонски граѓани.

Како што може да се види на листата објавени од ДЗС, македонски државјани има и на Малдиви, Доминиканска Република, Чили, Шри Ланка и други…
Најмногу државјани на Македонија има во Мали – 43, во Египет 23, Гана-16, Судан -15, во Нигерија-2 итн. Двајца македонски граѓани живеат во Либија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, и 16 во Палестина.

Според податоците објавени од ДЗС, пописот на дијаспората траеше 7 месеци, а попишани се вкупно 204.850 иселеници. Обработката на податоците од пописот ќе трае 6 месеци, но од Статистика велат дека процесот може да заврши и порано, непосредно пред или по Новата година.