Малку заинтересирани да имаат пристап до истрагата – онколошките пациенти не сакаат да откриваат и разговараат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу мал е бројот на заболени од рак кои сакаат да имаат пристап до истрагата на Обвинителството за скандалот на Клиниката за онкологија. Тие не сакаат да се појават, но и да зборуваат, бидејќи некои пациенти со кои контактира ТВ21 не сакаа да се изјаснат пред камера или да кажат некакво мислење зошто не сакаат да го следат текот на истрагата. И од организацијата која го покренаа ова барање до Обвинителството, го изразуваат своето разочарување што пациентите на Онкологија остануваат пасивни на овој повик и од нивната објава на Фејсбук . Засега интерес пројавиле само двајца пациенти.

Жално е што бројот на оние кои истапуваат е многу мал, но да се надеваме дека ке се зголеми. Сите оние кои јавно ќе се пријават на овој пост ќе бидат пратени во ОЈО“, вели Ана Марјановиќ.

Секој што сака, може да се појави во објава која е објавена во Фејсбук групата. Единствен услов е самите да се пациенти на Онкологија или роднини на пациенти.

Направивме објава во Cancer Triumphers! Канцер Победници! За сите оние кои сакаат доброволно да се пријават истите ќе бидат препратени во ОЈО, единствен услов кој ние го имаме е да бидат самите онколошки пациенти, или да имаат некоја блсика особа која ја познава голготтата на Онкологија“, вели Ана Марјановиќ.

Останува нејасно како ќе се избираат пациентите, бидејќи групата ги испраќа сите контакти со пациенти директно до Обвинителството, а од Обвинителството велат дека изборот мора да го направи самата група.

Во самото известување е наведено дека се остава предлагачите сами да го одредат начинот на пријавување и избор на пациентите, со цел да се обезбеди непристрасност на изборот. До обвинителството треба да достават само список со контакт податоци на лицата. Основното јавно обвинителство Скопје очекува да ги добие податоците, по што веднаш на лицата ќе им биде овозможен увид во досегашниот тек на постапката“, велат од ОЈО.

ТВ21 го праша Министерството за здравство и за информациите што ги имаат за тоа како се одвива постапката во Обвинителството и за моменталната состојба на Онкологија, но одговор не добивме.