Гостин во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 беше министерот за информатичко опшетство Дамјан Манчевски. Тој беше прашан за мрежата 5Г која крена многу прашина во јавноста во изминатите неколку недели, и тоа не само кај нас, туку и во другите земји.
Манчевски одговори дека простор за паника нема, и дека кај нас само кратко лани во декември имало сигнал за 5Г, и дека тогаш ниту умирале птици, ниту штркови, а во моментов нема активен сигнал на 5Г.
Тој рече дека птиците не умираат од 5Г.
