Манолева: Се истражува проблемот со компресираниот воздух, тешко се прави инспекција поради малиот пречник на инсталацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради малиот пречник на инсталацијата, не може да се направи увид и инспекција за да се лоцира проблемот со компесиран воздух на хируршките клиники.

Ова го изјави д-р Маја Манолева, вршител на должноста министер за здравство во моментов, која во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека се работи на утврдување на проблемите, но и дека се бараат решенија.

„Испитувавме што доведува до оваа миризба, но не откривме. Имаше мерење на неколку точки, но истовремено се прави увид на целокупната инсталација на хируршките клиники. Во консултација со експретски тимови кои прават увид во инсталации, бев инфомирана дека поради пречникот на таа инсталација, со мал дијаметар, не може да се изврши увид и инспекција на инсталацијата“, рече Манолева.

Таа додава дека исто така се испитува дали има и некој микробиолошки агенс низ инсталацијата како што е МРСА.

„За МРСА не би можела да претпоставам, но доколку се дојде до заклучок дека постои било каков микробиолошки агенс кој ја загадил инсталацијата, треба да се пристапи кон прочистување“, рече Манолева.