Најмалку три лица се повредени денес во напад со нож во Париз, а набрзо е уапсен еден осомничен маж, објави „Фигаро“, повикувајќи се на полициски извори.
Три повредени лица се префрлени во болница, а нивните животи не се во опасност, дознава БФМ од неколку извори.
Нападот се случил во близина на метро станицата Клиши во северниот дел на Париз. Маж вооружен со два ножа повредил најмалку три лица околу 11:30 часот.
Според „Фигаро“, полицаец кој не бил на должност забележал маж вооружен со два ножа како напаѓа минувачи на улицата.
Потоа полицаецот повикал засилување и го уапсил осомничениот со помош на патролно возило.
Во видео објавено на социјалните мрежи, напаѓачот изгледа малку дезориентиран и вели „Алах ми нареди“, објавува францускиот весник.
