Марјан Бојаџиев: Зошто Македонија не ја тужи Бугарија? – Наместо кон ЕУ, Македонија, Србија и Албанија кон ЕЕА?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владеењето на правото може да се подобри преку Европската економска асоцијација, а прва придобивка за граѓаните би била полесно поминување преку границите, рече професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ во емисијата „10 минути“.

„Второ – апсолутно е зона на слободна трговија, царинска унија т.е. безцаринска унија внатре во регионот, третото е партнерски однос – тоа што сега ние го немаме. Значи ЕЕА има партнерски однос со ЕУ за многу прашања взаемно ги тангираат и решаваат заеднички и четвртото и најважно е владение на правото – што гледаме дека е најголем проблем“, истакна Марјан Бојаџиев.

Професорот Бојаџиев вели дека до 2035 година во најдобар случај четири економии ќе влезат во ЕУ, но додава дека Македонија е навикната на долгогодишни вета што според него е сериозен проблем.

„Се предвидува дека 2035 година во најдобар случај четири економии ќе влезат во ЕУ, значи во најдобар случај, тие четири економии се очигледно Србија и Црна Гора кои што веќе преговараат и евентуално ние и Албанија“, вели Бојаџиев.

За ветото од Бугарија, професорот прашува зошто нашата земја не ја тужи земјата која не го почитува потпишаниот договор за добрососедство.

„Ние сме навикнати на долгогодишни вета и тоа е навистина сериозен проблем и една горчлива ситуација која драматично го намалува кредибилитетот на Европската Унија пред се“, посочи Марјан Бојаџиев.

На иницијативата за Мини Шенген гледа како можност за прв чекор кон поширока интеграција на шесте земји на Западен Балкан.