Марк Цукерберг со 53 милиони долари го проширил својот имот на Хаваи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Марк Цукерберг, за 53 милиони долари си купил уште 600 хектари на Хаваи, што значи дека милијардерот сега поседува на овој остров 1.300 хектари.

Основачот на „Фејсбук“ имотот го купил од непрофитната организација „Вајоли“, а се состои од три парцели на брегот.

Патот кој носи до плажата не бил вклучен во продажбата, и останува во јавна сопственост. Во имотот се полиња со повеќе видови на билки, на бројни птици, плодно земјиште…

Цукерберг најпрво во 2015 година купил 700 хектари, но наишол на проблем од семејства кои поседувале мали парцели во областа. Цукерберг пробал на повеќе начини да обезбеди сопственост над проблематичното земјиште, но на крајот се откажал од тужба, и ја признал својата грешка.