Марш на новинарите и медиумските работници – „Навредите кон новинарите се потценување на граѓаните“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Навредата врз новинарите е потценување на граѓаните“ беше еден од транспарентите кои ги држеа во раце новинарите и медиумските работници.

За да го кренат гласот против навредите и мешањето на политиката во новинарството, тие маршираа денеска од Владата до Собрание.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски рече дека државните функционери ги потценуваат медиумските работници. Според него нивната безбедност не е на потребното ниво.

„Сакаме да испратиме порака дека никако не можат да не замолчат. Ние ќе продолжиме да известуваме во интерес на граѓаните, независно без разлика што вие не нарекувате продадени, не нарекувани подли луѓе и секакви други навреди“, порача Сенат Зулбехари.

Овој марш го организираше ЗНМ кое одбележа 77 години од своето основање, како и Независниот синдикат на новинари и медиуми.