Маршираа учениците на ОУ „Исмаил Ќемали“ – „Како да одржуваме настава кога пријателите повеќе не се со нас“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Солзи и тага во лицата на учениците на основното училиште „Исмаил Ќемали“. Денеска тие се собраа пред училиштето не но одржаа настава. Со себе земале цвеќе за да маршираат до Плоштад Скендербег. Трагедијата тешко ја доживува и директорката на училиштето.

„Немам зборови за да ја опишам болката и колку е тешко 5 ученици од едно училиште да го загубат животот, сметам дека тоа е голема трагедија. Учениците многу тешко го доживуваат тоа, плачат, викаат, значи тие ученици кои биле во исто одделение, многу тешко ова го доживуваат“, истакна Бурбуќе Имери.

Кај плоштад Скендербег учениците ги прочитаа говорите кои ги подготвиле.

„Животот навистина е нерешена енигма, ни носи среќни мигови но и тажни. Но еве Господ сакал да не тестира со ваков тажен настан кој на сите ни изгледа нереален. Во знак на сеќавање на овие ученици, на овие млади, кои животот го загубија во трагичен начин, сакам да им кажам на мои врсници дека болката и тагата ќе бидат присутни секогаш во нашите срца, единственото нешто кое ќе ги одржи живи овие деца се спомените кои нè поврзуваат со нив“, вели ученик.

„Оваа солза не паѓа од очите џабе, нашите браќа и сестри денеска ги видовме на земја, Разије, нашата сестра, Ергин, нашиот брат, како ве изгоре овој оган“, додава ученик.

„Со колкава радост отидовте, со надеж дека ќе се вратите добро, но Господ сакал да одите кај него“, посочи ученик.

„Сите убави моменти што ги имавме нема да ги заборавиме“, вели ученик.

И наставниците беа многу тажни.

Во вчерашната трагедија 5 од жртвите беа ученици од ова ученици, сите се од едно семејство.