Маск ја повика владата на САД да ги уништи сите агенции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот милијардер Илон Маск , кој ја предводи американската Комисија за владина ефикасност (DOGE), повика денеска на „уништување на цели агенции“ меѓу кои и УСАИД, во рамките на сојузната влада на Соединетите држави.

– Мислам дека треба да уништиме цели агенции наместо да оставиме голем број од нив. Ако не ги отстраниме корените на плевелот (н.з. растение кое им пречи на градинарите или земјоделците), плевелот лесно повторно ќе порасне“, рече тој.

Тој го изјави ова на самитот на Светската влада во Дубаи, пренесува АП.