Маск најави дека акционерите ќе ја одобрат неговата рекордна исплата, акциите на Tesla скокнаа за 6 отсто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Акциите на американскиот производител на електрични автомобили Тесла скокнаа за седум отсто откако неговиот извршен директор Илон Маск објави на платформата Х (поранешен Твитер) дека акционерите се подготвени да одобрат рекордна исплата од 56 милијарди долари.

Тој додаде дека акционерите исто така се согласуваат со неговиот план да ја пререгистрира компанијата од американската сојузна држава Делавер во Тексас, пренесува CNBC.

Сегашните резултати покажуваат дека големо мнозинство се согласува со двете одлуки. Ви благодариме за поддршката – напиша Маск и објави слики од соодветните графикони.

Судот во американската сојузна држава Делавер на крајот на јануари пресуди дека компанијата Тесла неправедно му платила 56 милијарди долари на нејзиниот извршен директор Илон Маск во 2018 година , наведувајќи дека тоа е „неразбирлива сума“ која е неправедна кон акционерите, објави TechCrunch.

Судијката Кетлин Мекормик тогаш изјави дека компанијата Тесла и адвокатите на Маск не можат да докажат дека акционерите ги имаат сите достапни информации при гласањето и дека Маск има „силни врски“ со луѓе кои биле задолжени за преговарање во име на Тесла.

Според тогашната пресуда, акционерите на Tesla морале повторно да гласаат за наградата за Маск, а тој самиот додал гласање за пререгистрација на компанијата од Делавер до Тексас.