За време на пандемијата со коронавирусот, денеска во Струга со масовна посетеност се одржа литијата.

Станува збор за традиционална древна струшка Еордија – литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска.

Според видеата и фотографиите кои се објавуваат по социјалните мрежи може да се забележи дека свештените лица, како и насобраните граѓани не се придржуваат до Владините мерки.

Имено, одржувањето на литијата беше најавено за 4 мај на официјалната страна на Бигорскиот манастир.
Во соопштението беше истакнато дека за прв пат годинава ќе изостане масовната посветеност на Струшката литија, а ќе биде реализирана само од страна на свештеништвото на Дебарско-кичевската епархија и Бигорската, Рајчичката и Пречистанската монашка обител.
