Масовна тепачка во Кичево, полицаец испукал куршум во воздух, откако бил нападнат со остар предмет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.06.2020 година, околу 22 часот, во полициската станица во Кичево, приведени се  А.И.(22),Ф.Ч.(23),Ф.К.(18),А.К.(22), сите од Кичево. Тие во 21,40 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување“ со улицата „Рудничка“ во Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Со цел да го спречи натамошниот тек на нарушувањето, реагирал полициски службеник-припадник на криминалистичката полиција кој, во моментот не бил на должност, тој ја покажал службената легитимација и издал усна наредба кон учесниците да престанат со тепачката. Во моментот,  еден од нив, извадил остар предмет со намера да го употреби, по што, полицискиот службеник, од службениот пиштол, во воздух испукал еден предупредувачки истрел. Веднаш потоа, престанала тепачката а учесниците се лишени од слобода. Против нив, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.