Маж нападнал случајни минувачи со чекан и шише во Белгија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица се повредени утрово кога маж ги нападнал на улица во градот Антверпен, во северна Белгија, соопшти локалната полиција.

Прво користел шише за нападот, потоа чекан, а според извештаите, жртвите ги избирал по случаен избор, објавува „Брисел тајмс“.

Три повредени лица се однесени во болница и се надвор од животна опасност, јавува белгискиот RTL.