Жител на Зелениково на возраст од 72 години загинал во несреќа додека работел на нива со мотокултиватор. Трагичниот случај бил пријавен во Полициската станица Драчево, откако неговиот брат го пронашол под земјоделската машина.
Според информациите од полицијата, на 16 јуни 2026 година било пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72), кој бил прегазен од својот мотокултиватор.
Од пријавеното, тој во утринските часови заминал да работи на нива со машината, но не се вратил до 13:00 часот. Неговиот брат заминал да го побара и го пронашол под мотокултиваторот.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а случајот се расчистува.
