Мбапе: Маска? Апсолутен хорор! Како да гледам од ложата во 3Д

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ѕвездата на француската репрезентација Килијан Мбапе се здоби со скршеница на носот на натпреварот од првото коло од групната фаза на Европското првенство, во кој неговата репрезентација ја совлада Австрија со 1:0.

Тој токму поради ова го пропушти дуелот со Холандија, а од третото коло игра со заштитна маска на лицето.

И тоа е сосема ново искуство за него.

Прво имаше слики од тренинг каде Мбапе носел маска во боите на француското знаме, но не смее да игра натпревари со таква маска. За тоа се погрижи членот 42 од правилникот на ФИФА, кој строго предвидува заштитата на лицето мора да биде една боја.

Мбапе смени четири маски барајќи ја онаа што најмалку му пречи.

Токму ова беше една од темите за кои зборуваше Французинот на прес-конференцијата пред осминафиналето со Белгија (18 ч.).

„Апсолутен хорор“, рече Мбапе на прашањето како е да се игра со маска на лицето.

„Ги менувам бидејќи никој од нив не ми одговара. Тоа ми го стеснува видното поле и ми ја задржува целата пот на лицето“, додаде тој и истакна:

„Се чувствувам како да го гледам еврото во 3D технологија како специјален гостин“.