Мебел кој не е брза мода туку вредност креиран од 20-тите до 60-тите, а се уште е супер модерен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мебел кој има приказна која се крие во средината на 20-тиот век и кој благодарение на неговите дизајнери се обидува да направи исчекор од она што се случувало во светот до тогаш. Не сакаме да продаваме брза мода, туку да укажеме на вредноста на дизајнот- велат сопствениците на Смарт Ливинг.

„Дизајнот во тоа време бил некоја критика, револт сето она што била и уметноста и музиката и литературата, тоа бил и мебелот. Тие парчиња мебел на кои седиме и ги покажуваме на оваа изложба се креирани од 20-тите до 60-тите години на минатиот век и замислете се уште се супер модерни “, вели Иван Мирковски.

Интересот е голем, бидејќи тоа се парчиња без кои не може да постои ниту еден современ мебел. Изложбата ќе биде отворена уште две недели во салонот на Смарт ливинг кој е преуреден во галерија за мебел.