Премиерот Димитар Ковачевски очекува да се идентификуваат лицата кои се вмешани во случајот со злоупотреба на терапијата за пациентите со канцер. Тој вели дека како влада се 100% посветени за расчистување на случајот на Онкологија истакнувајќи дека на секоја владина седница ќе се поставува прашањето до каде е постапката.
На прашањето дали обвинителството побарало повеќе документи од МЗ за случајот со Онкологија, министерот Фатмир Меџити рече дека се во постојана комуникација и со МВР и со Обвинителството со цел да се придонесе случајот што поскоро да се расветли.
Но од ВМРО-ДПМНЕ велат дека МЗ и Владата сакаат да избегнат одговорност во случајот со Онкологија.
Пред неколку недели на Клиниката за Онкологија започна истрага за кражба и продажба на црно на лековите против канцер, а за овој случај во понеделникот стотици граѓани протестираа пред влада барајќи одговорност.
