Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами денеска се во Приштина каде се сретнаа со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, дознава ТВ21.
Според информациите на ТВ21, на средбата ќе присуствува и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Останува да видиме дали ќе успее премиерот и шеф на Движењето Самоопределување, Албин Курти да го убеди Таравари да стане дел од албанската опозиција.
