Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на првиот партиски конгрес, нагласи дека ВЛЕН не е создаден за изборен циклус, туку како што додаде, оваа политичка партија е нова ера.
Меѓу другото, Меџити нагласи дека ВЛЕН не ги делел Албанците, туку како што рече, ги обединувал Албанците.
„ВЛЕН е главната сила на политичката карта на Албанците во Северна Македонија. ВЛЕН не ги подели Албанците, туку ги обедини. Не ја распрсна политичката моќ, туку ја концентрираше, не го ослабна албанскиот глас, туку го факторизираше“, рече Меџити.
