Меџити за обединувањето на ВЛЕН: Отворени сме за сите што не се дел од ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Беше императив на времето, ВЛЕН да биде едно и да зборува со еден глас“, изјави Изет Меџити еден ден пред Конгресот на обединувањето и додаде дека Албанците континуирано се соочувале со политички монопол или биле поделени во многу субјекти и фракции. Меџити рече дека ова е нов почеток, посочувајќи дека се отворени за сите што сакаат да бидат дел од ВЛЕН, од различни профили.

„Не завршува тука, ВЛЕН ќе биде отворен и за независните интелектуалци, ќе биде отворен и за експерти од различни области, но ќе биде отворен и за субјектите кои во моментов не се со ДУИ“, изјави Меџити.