Меѓународен ден на младите, невработеноста – најголем проблем за младите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во календарот на ОН 12- август е Меѓународен ден на младите, со цел да го насочи вниманието кон најважните приоритети за младиот свет.

Во зависност од проблемите на регионот, младите во светот своите приоритети ги гледаат во градењето мир, стабилност, еднаквост, демократски стандарди, осносно се залагаат за подобар свет.

Поразувачки, но не и изнадувачки се последните податоци од пописот според кои од 2002 година до денес државата ја напуштиле околу 150 илајди млади луѓе.

Но загрижувачки е податокот од некои истражувања кој вели дека дури половина од младите сакаат да ја напуштат Македонија , во потрага по подобро образование, можности за кариера и подобар животен стандард во Западна Европа, САД или Канада.

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва ги додели наградите за младите учество.

„Реалната слика е дека секој млад човек го пакува својот живот во два куфери и си заминува од Македонија. Доста е веќе лажење и манипулирање иако тоа ви е модус операнди“, вели Сергеј Попов.