Меѓународната верификација на изборите клучна за почеток на преговорите со ЕУ, смета Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Без меѓународен мониторинг не сакам воопшто да размислувам за избори, изјави претседателот Стево Пендаровски, на прашање дали би имало избори во државата доколку ДИК и Комисијата за заразни болести дадат зелено светло за избори, но од друга страна меѓународна наблудувачка мисија ОБСЕ/ОДИХР, даде негативен одговор во однос на оваа прашање.

– Јас нема да бидам учесник во тие избори, меѓутоа како институција во оваа држава која води сметка и за демократичноста, ние чекаме да почнеме преговори со Европска Унија и ако немаме меѓународна верификација на целиот изборен процес, за неговиот кредибилитет, интегритет и конечни резултати ние не може да рачунаме дека ќе продолжиме преговори со ЕУ, изјави претседателот Пендаровски.

Тој уште додаде дека сите лидери на политичките партии на последната лидерска средба изјавиле дека стојат на ставот дека без меѓународен мониторинг нема да се одржаат избори.

– Каква ќе биде дименизираноста на ОБСЕ/ОДИХР во овие услови, минатата мисија и предходните неколку беа од 280 до 300 наблудувачи, краткорочни и долгорочни, меѓутоа ниту еден од лидерите не беше да се оди на избори без воопшто да се имаа меѓународен мониторинг. Ние имаме домашен мониториг, но сите политички лидери стојат на ставот дека е потребна и меѓународна верификација дека целиот изборен процес е кредибилен, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот на држвата по однос на оваа прашања додаде дека Министерството за надворешни работи, пратило барање за мониторинг на изборинот процес до ОБСЕ-ОДХИР и дека за скоро време очекуваат одговор.