Гостивар треба да биде ставен во карантин бидејќи болницата е преполна и нема место за пациентите кои бараат медицинска помош – смета инфектологот на гостиварската болница, Енес Мемети.
„Во текот на овој период имавме отежната состојба и жал ми е што градот Гостивар нема координација меѓу локалната власт и министерството. За мене сите граѓани на Гостивар требаше да бидат ставени во карантин. Моментално во инфективното одделение и модуларниот центар има 51 пациенти, повеќето од нив, 33, се на кислородна терапија и се во тешка здравствена состојба, а четири од нив починаа“, истакна Енес Мемети.
Според инфектологот Мемети, состојбата на тие кои бараат лекарска помош е тешка.
„Состојбата на тие кои бараат лекарска помош е тешка. Верувајте не знаеме ни ние каде да ги сместиме бидејќи целото одделени е преполно со пациенти во тешка состојба, со слаба сатурација, тешка здравствена состојба, а сето тоа е резултат на непочитувањето на мерките кои требаше ние како поединци, луѓе, да ги почитуваме“, додава Енес Мемети.
Полог продолжува да биде црвена зона што се однесува до заразените со Ковид-19. Додека бројот на пациенти кои бараат медицинска помош постојано расте, Министерството за здравство се уште не понуди конкретна мерка за тетовската и гостиварската болница.
