Адвокатот Тони Менкиновски денеска пред судот истакна дека определен е 30 дневен притвор за Јордан Камчев и посочи дека и да сакал не можел да замине од државава.
„Обвинител од Радовиш денеска пред судот побара поради некаква си индиција, службена белешка од АНБ дека ќе бега, да му се изрече мерка притвор. Сите мерки во овој предмет, кој трае надвор од законскиот рок за истрага (скоро 30 месеци) каде се уште не е подигнато обвинение, се исполнети, даден е капитал како гаранција, дадени се пасошите и Камчев воопшто не може, и да сака да ја напушти Македонија“, посочува адвокатот.
Инаку, утринава Камчев беше спроведен во полициска станица, откако Агенцијата за национална безбедност соопштила информации до обвинителството дека се подготвува за бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- ВИДЕО: Судот одреди притвор од 30 дена – Камчев оди во „Шутка“
- Менкиновски по одлуката за Камчев: На ваков ден, ваква мерка е израз на садизам од страна на институциите
