Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, кажа дека сите се согласни дека на земјите од Западен Балкан местото им е во Европа.
Таа рече дека не е за тоа земјите да добијат фиксен датум за нивно членство во ЕУ.
„Не поддржав на земјите од Западен Балкан да им се даде фиксен датум за нивно членство во ЕУ“, изјави Меркел.
Таа исто така изразила надеж дека проблемите меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат надминати.
