„Ние се наоѓаме сред пресвртница, се одлучува каде ќе биде Германија оваа есен и зима“, рече германската канцеларка Ангела Меркел околу ситуацијата со коронавирусот.
Основната цел според Меркел е да не биде дозволен нов „локдаун“, односно затворање на училиштата и градинките. На состанокот е одлучено автоматски да стапат на сила мерки доколку бројот на новозаразени се искачи на вредност 50 на 100 илјади жители.
Мерките содржат носење на маски на јавни места, и онаму каде што не може да се одржи дистанца. Исто така се воведува забрана за продажба на алкохол, ограничување на работата на угостителските објекти и ограничување на бројот на лица на јавни и приватни собири.
Германската канцеларка истакна дека ваквото ново воведување на мерките е болно, но треба да се направи се да не се доволи нов карантин.
„Ова е за доброто на здравјето на родителите, на дедовците и бабите, како и ситуацијата на пазарот на трудот и образованието идната година. Нели тоа вреди малку трпеливост во овој момент?“, прашува Меркел.
