-г. Османи дали денеска ќе го прекинете молкот за Мерко?
Со ваква насмевка изреагира портпаролот на ДУИ на прашањето за Рамиз Мерко, кој е прогласен за персона нон-грата од САД. По два дена молк Интегративците денеска одлучија да проговорат за “сенката“ која падна врз партијата.
Бујар Османи соопшти дека откако лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретнал со Мерко, донеле три одлуки, но ниеден од нив не предвидува исклучување на Мерко од партијата ниту оставка од функцијата градоначалник на Струга. Наместо тоа, ДУИ го стави на пауза неговото членство во раководството и Генералниот совет додека заврши истрагата, по што се очекува да се донесе одлука.
Исто како Мерко, на црната листа на САД е и екс пратеникот Џеват Адеми, кој е член на раководството на партијата на Ахмети, но зошто нему не му е замрзната функцијата како член?
ТВ21: И г. Џеват Адеми е на црната листа, но и натаму е член на раководството.
Османи: Одлуката е на г. Мерко да го замрзне неговото членство и ние прифативме.
ТВ21: Значи тој побарал.
Но како ДУИ не ја забележала корупцијата на Мерко кога постојано добиваше пофалби за внатрешниот ветинг на партијата. На ова прашање Османи не одговори директно.
-Апелиравме на секоја средба, на последната моја средба со вас, ви реков дека барам институционална истрага, итна, за сите политички партии, бидејќи тоа е единствениот начин и апсолутно сметаме дека одлуките на САД се согласно овие наши барања-рече Османи.
Османи неколку пати го повтори ставот дека ДУИ бара институциите да спроведат сеопфатна истрага за Мерко и сите политички субјекти и носители на функции.
