Мијалков избегал преку гранична зона кај Куманово? – Се бара „кртот“ кој го известил „шефот“ дека му се спрема притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мијалков го нема, а претреси на автомобили и сослушување на лица продолжува и натаму. Синоќа во претрес на автомобил марка Голф 7 пронајдени и запленети се мобилни телефони, марка Ајфон, документи, актовки кои веднаш се предадени на вештачење во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Полицијата го заплени и запечати возилото, а врз истото ќе се извршат и дополнителни вештачења за евентуално пронаоѓање на ДНК материјал.

Како што неофицијално дознаваме, автомобилот е одземен бидејќи бил забележан како се движи во правец на граничен премин, но за тоа се уште нема официјална потврда.

Во оваа насока се движат и деталите кои ги дознала обвинителката Вилма Русковска, а за кои АНБ немала никаква информација. Во изјава за ТВ21, Русковска вели дека според нејзиниот извор Мијалков државата ја напуштил во близина на Куманово, пеш преку зелената гранична зона.

„Изворот ми кажа дека Мијалков ќе избега од државата преку зелениот појас на границата кај Куманово“, истакна Вилма Рускоска.

ТВ21 дознава дека покрај визуелното, како мерка на претпазливост бил следен и мобилниот телефон на Сашо Мијалков. Од кафулето „Дистрикт“ каде и екипа на ТВ21 го забележа, сигналот бил следен до неговиот дом на Водно, но кога полицијата пристигнала таму го пронашла само телефонот, но не и Мијалков.

Обвинителката Русковска за неполни 24 часа даде три интервју во кои рече дека можно е Мијалков да е уште во државата, потенцирајќи дека пасошот му е одземен, но не знае дали поседува друг на пример чешки или хрватски.

Кој е „кртот“ и како дознал Мијалков дека се бара притвор за него, ќе треба да се утврди, дали тоj е oд обвинителство, суд или полиција.

До доцна синоќа во полициската станица во Кисела Вода, траеја информативните разговори со роднини и членови на обезбедувањето, но според наши извори никој не знаел каде е лицето по кое трага цела држава.

За Мијалков од вчера на сила е и меѓународна потерница, каде пак вклучена е и Интерпол.