Милан го пушти својот фудбалер на лутиот ривал Интер: „Не жалиме за овој трансфер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трансферите помеѓу лутите ривали секогаш носат специфични моменти. Често потоа навивачите и клубовите влегуваат во војна со фудбалерот.

Меѓутоа не е така и во ситуацијата со Хакан Чалханоглу кој од Милан се пресели во Интер. И, наместо Милан да жали за ова заминување, тимот на „росонерите“ како да слави.

Зошто е тоа така? Затоа што Чалханоглу барал многу пари за плата, односно барал 5 милиони по сезона, а Милан сакал 4 милиони. Така се јави Интер, и Чалханоглу потпиша за Интер тригодишен договор.

Од Милан, пак, се правдаат дека имаат намера да стават лимит на платите.

„Одлучивме да ставиме лимит на платите на нашите играчи. Понудивме толку колку што можевме. Тој најде место каде што можеше да добие повеќе. Тоа е добро за него, професионалец е. Имаше одлична сезона и кон нас беше максимално коректен. Не жалиме за неговиот избор“, рече Паоло Скарони, претседателот на Милан.

На ист начин Милан го загуби и голманот Донарума кој замина во ПСЖ.