Адвокатот Еленко Миланов во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва зборуваше за случајот со пожарот со дискотеката Пулс во Кочани, предмет во кој и самиот тој е инволвиран, бранејќи неколку лица поврзани со инцидентот.
Миланов смета дека обвинението има кондратикторности и дека не може да одговора за пожарот некој кој во кобната ноќ немал конкретни задолженија околу објектот.
„Законска пречка обвиниението да излезе во јавност, нема. Тоа е официјален документ кој е во сила. Обвинителниот акт во овој случај е премногу широко поставен во однос на евентуални сторители во конкретно правна квалификација. Има премногу кондратикторности целото обвинение. Зборуваме за настан за предизвикан пожар, и вие да опфатите лица кои немаат пристап до тој објект во конкретниот период, кои немаат превземано дејствие кое го предизвикува пожарот и да одите само со еден опис на соизвршителство со особен допринос.
Јас учествувам во тој предмет, и можам да кажам пред се како правник дека никој кој што ноќта 15-16 март оваа година немаше конкретни задолженија, обврски или раководење со тој објект, не може да одговоара за оваа правна квалификација“, изјави Миланов.
