Адвокатите Еленко Миланов и Владимир Туфегџиќ се гости во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21. Разговараме на актуелни теми, а една од нив е изборот на новиот државен јавен обвинител.
Според Миланов, новото лице на оваа функција треба да биде човек со висок кредибилитет.
„За државата е брука, од последните 5-6 републички обвинители разрешивме најмалку 4-5, поради нестручност, неспособност и несоодветност. Ако биле такви, зошто ги избрале? Тој ги имаше квалитетите, го поставија со такви квалитети, за да по 2-3-5 години ги разрешат токму поради немање тие квалитети кои беа основата за тој избор. Треба да биде на таа позиција човек со висок кредибилитет, човек кој што може да покаже отпорност не само кон политичките партии, туку и кон бизнис моќниците“, рече Миланов.
