Милевски: Домашната лига мора да се подобри, бидејќи тоа влијае и на репрезентацијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски пред натпреварот со Малта изјави дека домашниот фудбал мора да се подобри, бидејќи како што додаде, прашање на време е кога ќе имаме проблеми и во репрезентацијата, пренесува ТВ21.

„Што се однесува до квалитетот на нашата лига, искрено се надевам дека ќе сфатиме дека мора да се подобриме на сите нивоа, особено во клупскиот фудбал, бидејќи ако немате квалитетна база од домашното првенство, прашање на време е кога имаме проблеми и во репрезентацијата. Апелирам и се надевам дека и клубовите ќе разберат дека тие нас не сервисираат, за да откриеме нови играчи од нашите клубови“. – рече Милевски на денешната прес-конференција пред мечот со Малта.