Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Тој на својот Фејсбук профил посочува дека денеска околу 16 часот од домашна изолација бил примен на Инфективната клиника поради повеќе дневна покачена температура.

Милошоски додава дека други симптоми нема.

„Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката“, пишува Антонио Милошоски.