Минчев инсистира за заобиколување на дијаспората при балансерот, Ибрахими ја обвинува претходната влада што не е регулирано со закон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, од редовите на ЗНАМ, е дециден дека дијаспората нема да се смета во балансерот при вработување, со што ќе се намали бројот на Албанци во администрацијата. На прашањето зошто така одлучил, тој рече дека само постапува според законот.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими од коалицијата ВРЕДИ вели дека немаат аргумент за да му се спротивстават на Минчев бидејќи, како што рече, некој пред нив не го уредил ова прашање со закон.

-Мора да разбереме дека кога зборуваме за државата, таа не може секогаш да функционира по добра волја, бидејќи има закони, има устав, има прописи врз кои се гради државата. Кога имаме примери за добра волја, како што е случајот со овој министер денес, немаме правен аргумент да кажеме дека го крши законот затоа што некој пред нас не донел закон-вели Ибрахими.

Првиот вицепремиер Изет Меџити пред еден ден му порача на Минчев да не се занимава со провокации, туку да се занимава со приоритетот на владината програма.

-Ќе му упатам апел на министерот Минчев, еднаш има проблем со канцелариите, има проблем каде ќе биде, како ќе биде. Има многу приоритети и го молев да не почнува со провокации и за тоа колку Албанци ќе се вработат-изјави Меџити.

Минчев исто така денеска го повлече од собраниска процедура законот за административни службеници, Предлог законот за вработени во јавниот сектор и предлог законот за професионален развој и обука на административните службеници.