Укинување на работните дозволи и поедноставување на постапките за дозвола за привремен престој ќе содржи меморандумот кој утре ќе го потпишат Македонија, Албанија и Србија. Трите страни ќе потпишат и договор за олеснување на трговијата.
„Границите лесно се поставуваат, но отстранување на границите е тежок процес. И за жал ние бевме сведоци на тоа. Требаше веројатно година дена за да се постават границите, 30 години за да се отстранат бариерите за слободна трговија. Секако и со берлинскиот процес, но и со иницијативата за заеднички регионален пазар ние докажавме дека како земја сме едни од кличните чинители во овозможување на тој заеднички регионален пазар“, истакна Фатмир Битиќи.
Претседателот на најголемата Стопанска комора, Бранко Азевски вели дека е време за дигитализација, признавање на документи и крај на долгите колони камиони на границите.
„Отворање на Балканот, второ затворање на минатото, трето обединување на бизнисот на Балканот и четврто имплементација имплементација имплементација тоа е основниот проблем на кој што пропаѓаат сите овие иницијативи“, посочи Бранко Азески.
На утрешниот самит ќе присуствуваат претставници на над 300 компании од регионот на Западен Балкан. Ќе биде потпишан и договор за соработка во време на катастрофи.
