Министерката Божиновска на Самит во Солун – Македонија се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија од денеска станува дел од Вертикалниот гасен коридор, заедно со Грција, Србија, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина.

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави потпишување Меморандум за разбирање за приклучување кон проектот.

Интензивно се работи на изградбата на интерконекторот со Грција и поврзувањето со Србија. Се очекува до крајот на следната година земјата да биде подготвена за транзит на гас.

Со новите поврзувања Македонија ќе добие алтернативни извори на снабдување гас од Александруполи и Ревитуса. Целта е земјата да стане регионален центар за снабдување со природен гас. Министерката е во Солун, каде учествува на Енергетскиот самит на Југоисточна европа.

-И ние ќе бидеме прикучени кон Вертикалниот коридор. Што значи тоа? Досега тоа беше предвидено да биде од Грција преку Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, сè до Молдавија и Украина, а од денеска ние и Република Србија ќе бидеме исто така вклучени во овој енергетски проект. Интензивно работиме на интерконекторот со Грција, секако и со поврзувањето на интерконекторот со Србија, што значи крајот на следната година, ние би требало да сме подготвени за да може низ земјава да има транзит на гас и секако, зголемени количини и да немаме само едно спојување, тоа значи дека ќе имаме и втора граница каде што ќе може да се снабдуваме со ЛНГ, вели Сања Божиновска, министерка за енергетика.