Министерот за здравство Венко Филипче утринава се сретнал со семејството на младата Верица Белчовска, чии органи беа донирани и спасија животи.
Тој вели дека сега најмалку што можеме да направиме за овие неизмерно хумани луѓе е тоа да им помогнеме.
„Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни“, пишува Филипче на својот Фејсбук профил.
