Министерот Спасовски оствари работна средба со британската амбасадорка Галовеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска, (23.06.2021) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за актуелните состојби со миграциските текови како и за можната соработка во врска со справувањето со илегалната миграција и ефектите од истата.

Притоа уште еднаш беа потврдени заложбите на Република Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, што пак преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја.

Двете страни во текот на разговорите ги потврдија заложбите за поинтензивна соработка во иднина на сите полиња во интерес на одржување на безбедноста во регионов и пошироко.