Министерството за финансии го објави јавниот долг на институциите, изнесува над 300.000.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според кварталниот извештај за првото тромесечие објавен од Министерството за финансии, долговите на институциите од јавниот сектор достигнаа безмалку 312 000 000 евра.

На најновата листа на државни должници и натаму предничи Македонски железници Транспорт со 63,8 милиони евра, а втори се АД МЕР, или сега АД Национални енергетски ресурси, со долг од 25,5 милиони евра. На трето место е ЈП колекторски систем Скопје, кои должат 12,5 милиони евра. Општина Тетово, традиционално голем должник се на четврта позиција, со долг од 11,3 милиони евра, а петти се ЈП Водовод Куманово, кои должат 7,9 милиони евра. Шестото место овој пат е за општина Охрид со долг од 7,1 милиони евра.

На седмото место изби АД Електрани на Македонија кој сега има долг од дури 6,1 милиони евра. Државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, прецизно 6.079.544 евра.

На осмата позиција е ЈП МРТ со 5,9 милиони евра. Деветтото место е за ЈП Водовод и Канализација Скопје со долг од 5,6 милиони евра, и на десетта позиција е Општина Карпош, кој има доспеани, а неплатени обврски од 4,9 милиони евра.