Министерството за одбрана на Русија: Суџа е повторно наша

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руското Министерство за одбрана во четвртокот утрото објави дека го освоила Суџа, најголемиот град во областа Курск, кој беше под контрола на Украинците од август 2024 година.

Оваа најава доаѓа кога руските трупи се блиску до протерување на украинските војници од нивното последно упориште во регионот Курск.

Киев не ја потврди веста од Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на коментарите на Володимир Зеленски дека Украина нема да прифати анексија на која било територија.

– Крим, Севастопол, Керсон, Запорожје, Доњецк и Луганск се руски региони. Тие се во рускиот устав, рече Песков.