Министерството за здравство потпиша договор за имплементација на иновации во областа на здравството со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија. Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.

-Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија, изјави министерот Филипче.