Минута молк и молитва за жртвите на Сребреница. Собранието на РСМ го обележа денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Спикерот Африм Гаши, рече дека 29 годишната болка се уште е свежа во колективното сеќавање, а изрази сочуство до семејствата на убиените.
-Во името на пратениците на Собанието и во мое лично име изразувам искрено сочуство за жртвите на геноцидот во Сребреница, до членовите на нивните семејства, до граѓаните, институциите на БиХ и до нашите сограѓани бошњаци, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието.
Претставничката на Здружението „Диванхана„ Мерсиха Смаиловиќ ветува дека следната година и официјално Македонија ќе го прогласи 11 јули како Ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница.
Професорот Џемил Бектовиќ рече дека Сребреница е симбол на страдање, на болка, но и на преживување. Сребреница, рече тој, е симбол на бошњачките мајки, кои останаа без своите чеда.
-Денеска сме тука, со мирни и ладни глави, да зборуваме за одредени аспекти на Сребреница кои треба да бидат апострофирани и да укажеме на значењето, консеквенцитеи природата на разбирањето на Сребреница, која сега не е само Бошњачко прашање, туку тоа сега е светска и меѓународна обврска, која еве и денеска во тие рамки нели и Република Македонија ја исполнува во институционални капацитети низ оваа комеморативна седница посветена за Сребреница. Сметам дека Република Македонија со овој чин е на вистинската страна на историјата, сметам деа Република Македонија е на страната на правдата, на страната на вистината и на жртвата и тоа е многу битно, изјави Џемил Бектовиќ, професор.
Се обратија и пратеници и други претставници на бошњачката заедница. Професорот Сеад Џигал порача дека на 30-годишнината ќе можеме со поголема сигурност да кажеме дека овозможивме полека да почнат да зараснуваат отворените рани од минатото.
Потоа се разговараше и за законодавните предизвици во спроведувањето на новата резолуција на Обединетите нации со која се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Инаку, во мај годинава Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
